
Првпат постигна гол во ЛШ во истиот месец и за ист клуб како неговиот татко – 25 години подоцна!
Талентираниот офанзивец, син на поранешниот репрезентативец и легенда на холандскиот фудбал Марк ван Бомел, го постигна единствениот погодок за својот тим во финишот од средбата и тоа беше негов прв во елитното европско натпреварување.
Интересно е што токму во истиот месец (септември) пред 25 години неговиот татко, Марк, за првпат постигна гол во европската елита и тоа за истиот клуб, ПСВ.
Рубен, кој во кариерата досега играше и за АЗ Алкмар и Мастрихт, сега тргна по стапките на својот татко, кој кариерата ја заврши токму во ПСВ во 2013 година.
September 2000: Mark van Bommel scores his first Champions League goal for PSV ⚽
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) September 18, 2025
September 2025: Ruben van Bommel scores his first Champions League goal for PSV ⚽#UCL pic.twitter.com/Uja9MEwnFL
Фото: PSV/X