Политички пораки против Партизан пред дуелот со украинскиот ривал

Тренерот на Олександрија, Кирил Нестеренко, ја искористи прес-конференцијата пред натпреварот со Партизан во Катовице за да испрати неколку политички пораки.

Ништо чудно бидејќи тоа не е првпат српските клубови да доживеат такво нешто пред натпреварите против украинските и литванските екипи во Евролигата.

„Тешко е во нашата земја. Благодарност до луѓето кои секојдневно ја бранат нашата земја. Нашиот став е дека Партизан реагираше непријателски играјќи во Русија. Ги гледаме Русите како агресори. Нема да зборуваме понатаму за таа тема, туку само за фудбал“, рече Нестеренко.

Натпреварот од Конференциската лига меѓу Олександрија и Партизан се игра вечерва од 19 часот.