Павков: Сонот ми се оствари, постигнав гол против Ливерпул!

Црвена Звезда запиша историска победа против Ливерпул од 2-0 во Лигата на шампиони, а херој на натпреварот беше Милан Павков со два постигнати погодоци.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали српскиот тим, а кажа дека бил изненаден од вториот гол на Павков, кој беше навистина неверојатен.

Интересно е тоа што и Павков го кажа речиси истото веднаш по дуелот.

„При вториот гол се забележа дека многу размислував и бев зачуден. Сонот ми беше да постигнам гол против нив и претходно го најавив. А, тоа се случи и многу сум среќен“, кажа Павков.

Двата гола ги постигна во првиот дел и по речиси половина час игра ги постави конечните 2-0.