Нов гол на Антони за Бетис, шпанскиот тим заврши голема работа во Белгија (ВИДЕО)

Бетис со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Гент во Конференциската лига, а Антони повторно беше стрелец за тимот од Севиља, Борац Бања Лука на Николов и Шишковски со 1-0 ја совлада Олимпија Љубљана.

Откако од Манчестер јунајтед се пресели во Бетис, Антони игра како препороден. На двата одиграни меча во Ла Лига беше прогласен за играч на натпреварот, на едниот беше асистент, на другиот даде гол.

Денеска повторно се запиша во листата на стрелците, овојпат му донесе водство на Бетис од 1-0 на гостувањето кај Гент. Потоа голови дадоа и Бакамбу и Алтимира за конечни 3-0.

Николов беше стартер за Бања Лука во победата од 1-0 над Олимпија Љубљана, Шишковски остана на клупата.

Единствениот гол на мечот падна во 91. минута, а стрелец беше Огринец. 

Босанскиот клуб може да жали што не победи побуедливо бидејќи пет минути претходно промашија пенал, а од 52. минута играа со фудбалер повеќе.

Хајденхајм со 2-1 славеше на гостувањето кај Копенхаген, а Омонија и Пафос одиграа 1-1.