Номе Калју ја остави Шкендија без „сигурни“ 400.000 евра!

Македонскиот шампион Шкендија остана без веќе пресметани сигурни 400.000 евра, откако денеска испадна во ЛШ од естонски Номе Калју со поразот 1-2, иако после триумфот на гости, речиси сите беа убедени во пласман во второто коло, спектакл со Селтик и сигурни 1,2 милиони евра заработка.

Но, Естонците денеска ги шокираа тетовци на Националната Арена „Тодор Проески“, па од касата им земаа 400.000 евра, оставајќи сега со заработка помала од милион. Шкендија има од ЛШ, сигурни 260.000 евра за учество во квалификациите и 280.000 евра за настапот во ова прво коло, што прават 540.000 евра.

Но, на овие пари им доаѓаат и сигурните 260.000 евра за тоа што ќе играат второ коло во квалификациите за Лига Европа во „шампионската група“ со малтешка Валета или луксембуршки Дуделанж, во зависност кој ќе загуби во двомечот од првото коло во ЛШ.

Тетовци ако победеа или ремизираа денеска ќе имаа сигурни 1,2 милиони евра, но сега останаа без сигурнио 380.000 евра од двомечот со Селтик и сигурен пласман најмалку во третото коло во Лига Европа (ќе им донешеше 20 илјади евра повеќе од тоа што сега ќе заработат од второто).

Се на сѐ, остана без 400.000 евра сигурна заработка.