Неверојатно: Сите мечеви на Англија и Данска на „Вембли“ завршиле идентично – 1-0! (ФОТО)

Англија и Данска ќе се судрат вечерва од 21 часот на култниот „Вемлбли“ во второто полуфинале на Европското првенство за да се комплетира финалната двојка за неделното големо финале на истиот стадион, откако синоќа Италија по пенали (4-2, 1-1) ја помина Шпанија за место во завршниот меч за трофејот.

За вечерашната пресметка на Англија и Данска на „Вембли“ има еден неверојатен податок. Дури седумпати овие две селекции играле меѓусебе на култниот стадион и верувале или не секојпат резултатот бил идентичен – со еден даден гол.

Пет од седумте меча завршиле со победа 1-0 за Англија, а два со ист резултат за Данска.

Неутралните навивачи сепак вечерва ќе посакуваат оваа традиција да се урне и да има многу повеќе голови, а не само еден да го реши вториот патник во финалето.