Навивачи без билети го пробија обезбедувањето за да влезат на „Вембли“ (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случуваат пред финалето на Еуро 2020 меѓу Англија и Италија, каде што се очекуваат 60.000 навивачи затоа што дел од фановите ја пробија полицијата во обид да влезат на стадионот.

Голем број навивачи успеаа да ја пробија полицијата и да влезат во стадионот каде што е слободен пристапот на трибините, а има шпекулации дека овие фанови биле без билети, иако тие вести не се потврдени.