Навивач на Ливерпул ги шокираше Србите: Црвена Звезда ќе победи со 3-0!

Навивачите на Ливерпул цел ден уживаат во центарот на Белград додека го очекуваат почетокот на дуелот против Црвена Звезда.

Англичаните се „загреваат“ со алкохолни пијалоци и речиси сите предвидуваат убедлив триумф на Ливерпул, но еден од нив не мисли така.

„Црвена Звезда ќе победи со 3-0“, кажал еден од навивачите, кој според српските медиуми бил во алкохолизирана состојба.

Останатите Англичани кажале дека очекуваат победа на Ливерпул од два-три гола разлика.