Мурињо сака да биде селектор на СП 2026, а откри и на која репрезентација!

Еден од најдобрите тренери во историјата, Жозе Мурињо во моментов го тренира Фенербахче, но призна дека сака да биде селектор на Светското првенство (СП) во 2026 година.

Мурињо во текот на кариерата водеше едни од најголемите европски гиганти, меѓу кои беа Челси, Реал Мадрид и други, а сега откри дека сака да ја предводи Португалија на следниот Мундијал.

„Сакам да се натпреварувам на Мундијалот со Португалија. Не ѝ се нудам со ова, тоа е нешто што треба да се случи по природен пат. Еден ден, сигурен сум дека навистина ќе се оствари“, кажа Мурињо.