
Мбапе ги прескокна Бензема и Раул, но не можеше Меси и Левандовски
За ваквото достигнување на Мбапе му беа потребни 89 натпревари со што зад себе ги остави Карим Бензема и Раул Гонзалес. На Раул за 60 голови во ЛШ му беа потребни 115 натпревари, додека на неговиот сонародник четири помалку.
Сепак, пред Мбапе останаа Роберт Левановски кој за 85 натпревари постигна 60 гола, а најбрз е Меси со 80.
Кога е вечната листа во прашање тука голгетерот на Реал е на шестото место, Раул има 70 голови, Бензема 90, Левандовски 105, Меси 129 и Кристијано Роналдо кој е најдобар стрелец во ова натпреварување со 140 гола.
Фото: Real Madrid C.F.