Хулиганска пресметка во Неапол - се користеа палки и шипки, а летаа и столици! (ВИДЕО)

Навивачите на Наполи и Спортинг Лисабон се судрија на улиците на италијанскиот град Неапол пред вечерашниот дуел во Лигата на шампиони (ЛШ), кој се игра од 21 часот.

На една од објавените снимки може да се забележи дека две хулигански групи се пресметуваат со различни предмети, при што користат палки, шипки, а летаат и столици низ улиците.