Кризата е надмината: Тиквеш се консолидира - фудбалерите ги добија заостанатите плати!

Македонскиот прволигаш Тиквеш соопшти дека фудбалерите ги добиле заостанатите плати по заминување на германскиот Турчин Осман Таш и враќањето на останатите 51 отсто од акциите во сопственост Општина Кавадарци.

Конечно е подмирен долгот кон фудбалерите на екипата од Кавадарци, па сега сите мисли се насочени кон успешен настап против Силекс во Кратово.

„Денешната исплатена плата е мотив за следната победа во Кратово. Целиот тим дава максимална поддршка на Градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на советот Д-р Стојанчо Рамов“, велат од Тиквеш.

Тиквеш се соочуваше со тежок период и имаше финансиски проблеми, иако спонзорот најавуваше дека ќе се изгради моќен и стабилен тим кој ќе игра секоја година во европските натпреварувања.