
Њукасл го демолира Ројал Унион, Карабах со два гола го реши Копенхаген (ВИДЕО)
Волтемаде во 17. минута го отвори резултатот и погоди за 1-0, додека предноста на премиерлигашот ја зголеми Гордон од пенал во 43. минута од натпреварот.
Гордон беше стрелец и на третиот гол на Њукасл, исто така од пенал, додека конечните 4-0 ги постави Барнс во 80. минута од средбата.
Карабах со головите на Зубир и Адаи го нокаутира Копенхаген за важни три бодови во елитното натпреварување.
Standings provided by Sofascore
Фото: Newcastle United