Ужасно: Чкембари ќе запалеа деца кои немаат врска со Комити! (ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО)

Идиотското однесување на навивачите на Пелистер на денешниот натпревар против Вардар можеше да заврши кобно и со жртви во „Јане Сандански“.

„Чкембари“ влегоа во скопската арена на седум минути пред крајот на првото полувреме и веднаш предизвикаа инцидент бидејќи фрлија факел кон гледачите кои беа сместени веднаш до нив. Малку недостуваше да биде тешко повреден некој од присутните затоа што битолските хулигани гаѓаа од 5-6 метри.

 

 

Да биде глупоста поголема, нападнатите немаат никаква врска со Комити, туку беа дојдени да гледаат ракометно дерби. Поради нивното дивјачко однесување, Чкембари беа избркани од „Јане Сандански“ кон средината на второто полувреме.