Скандал: Чкембари со факели гаѓаа обична публика, едвај спречен хаос во Јане! (ВИДЕО)

Ракометното дерби меѓу Вардар и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ го одбележа скандал откако гостинските навивачи влегоа на трибините и веднаш предизвикаа инцидент.

„Чкембари“ со факели гаѓаа обична публика, по што зовреа страстите, а мораше да интервенира и полицијата за да спречи дополнителен хаос. Домашните навивачи, револтирани од ова дивјачко однесување, сакаа да влезат и да се пресметаат, но за среќа, полицијата бргу ја смири состојбата. 

 

 

Во било која цивилизирана земја, битолските хулигани требаше веднаш да бидат избркани од Јане, но полицијата реши да ги остави во салата.