Јамал како Зидан - исфрли двајца противници, па го легна Нуно Мендес (ВИДЕО)

Иако очигледно не е целосно заздравен од повредата, Ламин Јамал имаше неколку блескави потези на вечерашниот натпревар против ПСЖ.

Пред се, оној во првото полувреме кога во стилот на Зинедин Зидан, со ролинг исфрли од игра двајца противнички фудбалери за во продолжение од акцијата да го легне на земја Нуно Мендес кој, рака на срце, добро се справи со него.

Резултатот на Олимпискиот стадион во Барселона е 1-1, но двете екипи имаа свои шанси за водство во второто полувреме.

 

 

фото: EPA photo