Проблеми за Милевски: Македонија ослабена во мундијалските битки

Maкедонскат фудбалска репрезентација во овој месец ја очекуваат натпреварите со Белгија и Казахстан, а за овие дуели селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на сите стандардни репрезентативци.

Имено, Лирим Ќамили од редовите на Сондерјиске од Данска заработи повреда во дуелот со Копенхаген, а по деталните прегледи било потврдено дека нема да биде во состојба да помогне на овој собир.

Покрај него Милевски ќе го нема на располагање и дефанзивецот на Струга Трим Лум, Бојан Илевски кој одработува суспензија поради жолти картони.

Македонија прво ќе гостува на Белгија на 10 октомври, додека три дена подоцна на свој терен ќе се соочиме со Казахстан. Конечниот список на фудбалери на кои ќе смета за двете средби, Милевски ќе го објави утре.