
Eден од најзабавните тенисери најави пензија: Првпат држев рекет на две ипол години...
Но, денеска соопшти дека на крајот од 2026 година ќе ја заврши професионалната кариера.
„Првпат држев рекет во рацете на две ипол години, а почнав да играм професиоално на 18. Имав прилика својата страст да ја претворам во професија и тоа беше привилегија која ја ценев во секој момент од мојата 21-годишна кариера. Иако оваа игра ми значи се на светот, знам дека е време и задоволен сум со својата одлука“, објави 39-годишниот тенисер.
Најдобриот пласман во кариерата на Монфис беше шестата позиција на АТП листата, а вкупно освои 13 титул.
На најголемите турнири успеа да дојде до полуфиналето на Ролан Гарос во 2008 година и до истата фаза на Ју-Ес Опен во 2016 година.
Фото: Gael Monfils Tennis/FB