Работнички со катастрофален пораз го заврши настапот во младинската лига на УЕФА

Младите фудбалери на Работнички загубија со убедливи 1-7 од ирски Шелбурн во четвртфиналето на Младинската лига на УЕФА.

Тајрик Семи стрелаше двапати за ирската екипа во првото полувреме, додека Јован Бошнаков во завршницата намали на 1-2.

Шелбурн ја контролираше играта во вториот дел, каде што постигна дури пет гола. Бејли погоди двапати, а по еднаш стрелаа Вуна, Мекарти и Семи (кој го комплетира хет-трикот).

Работнички загуби и во првиот дуел против Шелбурн со убедливи 0-5.

Фото: Работнички ФК