
Алкалоид го здроби Прилеп со 26 голови разлика!
Екипата од Автокоманда го контролираше натпреварот од самиот почеток и го реши прашањето за победникот уште во првите 30 минути, кои ги доби со 23-10.
Прилеп не успеа да му парира на Алкалоид ниту во вториот дел, а тоа знаеше како да го искористи скопскиот гигант кој продолжи со одличната игра и славеше со 47-21.
Емилијан Ѓорговски го заврши натпреварот со осум голови, додека Марко Кизиќ запиша 10 одбрани кај Алкалоид.
Алкалоид по пет одиграни натпревари има осум освоени бодови, колку што има и Вардар кој допрва треба да го игра дербито против Пелистер.
Фото: RK Alkaloid