Гарначо зборуваше за пеколот во Манчестер откако го избркаа „како партал“

Фудбалерите на Челси триумфираа со 1-0 против Бенфика во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а еден од најзаслужните за триумфот беше Алехандро Гарначо кој беше често критикуван во минатото.

Аргентинецот одигра одличен дуел, а по истиот зборуваше за пеколот кој го преживеа во Манчестер јунајтед, пред да го избркаат од „Олд Трафорд“.

„Тоа беа тешки моменти за мене. Тренирав сам, но не сакам да зборувам лошо за клубот. Тоа беше грозен момент во мојот живот, но сега сум среќен тука и што играм во ова натпреварување“, кажа Гарначо.

Гарначо играше за „црвените ѓаволи“ од 2022 до 2025 година.

Фото: Chelsea FC