Мбапе даде прогноза за следниот освојувач на трофејот во ЛШ

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе нема да ја памети минатата сезона со Реал Мадрид по добро, па затоа сака оваа да ги подобри резултатите и да му помогне на поранешниот европски и шпански шампион да се врати на освојувањето титули.

Мбапе даде своја прогноза за следниот освојувач на трофејот во ЛШ и не ги изненади премногу навивачите.

„Кој би ја освоил титулата во ЛШ оваа сезона? Јас би кажал дека тоа ќе биде Реал Мадрид“, кажа Мбапе.

Реал Мадрид минатата сезона стигна до четвртфиналето, каде што беше елиминиран од Арсенал.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.