Љуботен ќе се соочи со ривал од Исланд во квалификациите за ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион ЖФК Љуботен го дозна противникот во полуфиналната рунда од квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ).

Екипата од Тетово ќе игра против Валур од Исланд во Холандија, додека во второто полуфинале ќе се соочат Твенте и Кардиф сити.

Победниците од полуфиналните средби ќе се соочат во финалето за пласман во следната фаза на ЛШ, а квалфикацискиот турнир е закажан од 4 до 7 септември.