Кратери подготвени за мечот против Дечиќ: Дојди и викај за Силекс!

Силекс го загуби првиот меч од Дечиќ во Црна Гора со 0-2, но затоа во реваншот ќе има голема поддршка од навивачката група „Кратери“ на 17 јули од 19 часот.

Тимот од Кратово бара поддршка од навивачите за да ја анулира негативата од првиот меч, а „Кратери“ повикаа на мобилизација в четврток кога ќе патуваат за Скопје.

„Дојди, викај, биди 12. играч“, објавија „Кратери“.

Реваншот меѓу Силекс и Дечиќ се игра во Скопје на 17 јули од 19 часот.

Фото: Facebook/Кратери (Кратово)