Македонија не искористи напад за триумф и освои само бод против Литванија

Македонската ракометна репрезентација до 19 години освои бод против Литванија на женското Европско првенство (ЕП) во Црна Гора.

Ракометарките на Македонија имаа напад за победа во последните секунди од натпреварот, меѓутоа не го реализираа и мораа да се задоволат со бод против Литванија.

Најефикасна во ремито беше Котевска со девет голови, додека Миленкоска запиша седум погодоци.

Македонија во следното коло ќе игра против Исланд.