Алонсо додаде уште четири фудбалери на „црната листа“ на Реал Мадрид

Реал Мадрид имаше една од најлошите сезони во историјата, а претседателот Флорентино Перез заедно со тренерот Чаби Алонсо направи листа за „отстрел“.

Алонсо на „црната листа“ додаде уште четири фудбалери, а тоа се Давид Алаба, Фран Гарсија, Ферланд Менди и Дани Себаљос.

„Кралевите“ веќе ангажираа неколку засилувања во одбраната, а тоа се Трент Александер-Арнолд, Дин Хујсен и Алваро Карерас.

Тренерот Алонсо ќе има тешка задача да создаде тим кој следната сезона ќе треба да се бори на сите фронтови за највисок пласман.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.