
Браќата Фехми со само 16 години потпишаа профи-договор со Пелистер - ќе играат за вториот тим!
Талентираниот 16-годишен Мелин и неговиот 18-годишен брат Алдин потпишаа договори со Пелистер 2 до јуни 2029 година.
Момчињата се родени во Кичево, а во Битола заиграа на највисоко ниво и ја искористија дадената шанса, со што си заслужија професионални договори.
„Овие момчиња се родени во Кичево, но во Битола добија шанса да играат ракомет на највисоко ниво за нивната возраст и истата ја искористија. Со Мелин и Алдин во тимот, младинската екипа на Еурофарм Пелистер го освои четвртото место во првото издание на младинската Лига на шампиони.
Двата браќа Фехми уште од следната недела ќе му се стават на располагање на тренерот Александар Зарков и неговиот стручен штаб во подготовките за суперлигашката сезона на Пелистер 2“, соопштија од Пелистер.
Фото: Facebook/RK Pelister