
Ивановски го нокаутира Форти и се пласира на главниот турнир во Сан Марино
Форти беше подобар од Ивановски во првиот сет во тај-брејк со 7-4, по што Ивановски во вториот сет заигра многу подобро и успеа со брејк во деветтиот гем да стигне до посакуваното водство, а потоа и да сервира за 6-4.
Третиот сет донесе голема битка меѓу двајцата тенисери, а Ивановски направи брејк во седмиот гем за предност од 4-3, по што сервираше одлично и поведе со 5-3. Во продолжение Македонецот не искористи две брејк и меч-топки, но затоа на свој сервис ги поправи грешки и стигна до 6-4.