Конференциска лига: Рома ги прегази Бугарите, Партизан немилосрден на Кипар (ВИДЕО)

Жозе Мурињо не калкулира на ниту еден меч без разлика каде игра неговата екипа, поради што е разбирлива убедливата победа на неговата Рома на домашен терен против ЦСКА Софија (5-1) на стартот од сезоната во новата Конференциска лига.

Гостите само ја налутија „волчицата“ со голот за водство по само десет минути игра, по што следуваше пресврт до крајот на полувремето (2-1), како и уште три гола во второто за вистинско газење.

Фантастичната вечер на српскиот фудбал, пак, ја компелтираа фудбалерите на Партизан, кои по успехот на Црвена звезда против Брага (2-1) во Лига Европа, како гости, го совладаа кипарскиот тим Анортозис (2-0). Мениг во 42. и Гомес во 68. минута беа стрелци на головите за белграѓани.

РЕЗУЛТАТИ: Анортозис-Партизан 0-2, Рома-ЦСКА Софија 5-1, Бодо Глимт-Зорија 3-1, Јаблонец-Клуж 1-0, Рандерс-АЗ Алкмар 2-2.