Кантона се чуди: Kако може Русија да биде суспендирана, а Израел не!

Француската фудбалска икона и легенда на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона ја според ситуацијата на Русија и Израел и смета дека ФИФА и УЕФА неправедно постапуваат.

Кантона го дели мислењето на многумина, но Французинот е познат по тоа што секогаш е без влакно на јазикот, па така беше и сега.

„Четири дена откако Русија ја почна војната во Украина, ФИФА и УЕФА ја суспендираа. Ние сега сме 716 денови во она што Амнести Интернешенал го вика геноцид, и Израел уште продолжува да се натпреварува“, рече Ерик Кантона истакнувајќи го двојниот аршин на ФИФА и УЕФА.

Фото: EPA Photo