Италија ќе тргне во најсилен состав, а Англија со пет дефанзивци (ФОТО)

Вечерва од 21 часот ќе се одигра финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Англија и Италија, а селекторите Герет Саутгејт и Роберто Манчини ги избраа фудбалерите со кои ќе настапат на мечот.

Манчини е без промени во екипата за вечерашното дерби, додека Саутгејт реши да се брани со дури пет дефанзивци.