Гвардиола ништо не остава на случајот - со сите сили во напад

За разлика од првиот натпревар во Мадрид, Пеп Гвардиола сега нема големи проблеми околу составот и против Реал излегува со ултра-офанзивна формација.

Во нападот е Ерлинг Халанд, но зад него се четворица фудбалери кои сериозно можат да го загрозат противничкиот гол: Бернардо Силва, Фоден, Де Брујне и Грилиш. Од друга страна, само еден играч од средниот ред ќе биде дефанзивно ориентиран - Родри.

Во тимот на Реал има една промена во однос на првиот меч и тоа принудна. На местото на суспендираниот Чуамени, место во стартната постава доби Начо кој треба да ги запре противничките налети.