Грузија ја понижи Ерменија и остана во Лига Б!

Грузија со фантастични 6-1 го доби вториот меч против Ерменија и со вкупни 9-1 го доби овој двобој и остана во Лига Б од Лигата на нации.

Грузијците победија уште во Ерменија со убедливи 3-0, па денешниот натпревар се знаеше дека ќе биде само формалност.

Но, Кварацхелија и дружината немаа милост за Ерманија, им дадоа шест гола и буквално ги понижиа.

Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога Харојан си постигна автогол за водство на Грузија од 1-0.

До крајот на првото полувреме домаќините дадоа уште четири гола, погодија Микуатадзе двапати, Чакветадзе и Китиешвили.

На почетокот од вториот дел Свикјан даде прекрасен гол за Ерменија и намали на 5-1, а конечните 6-1 ги постави Кварацхелија.