Германија е првиот домаќин на ЕП кој загубил во четвртфинале!

Германската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија со 1-2 во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а со тоа домаќинот испиша негативна историја.

Избраниците на селекторот Јулијан Нагелсман станаа први домаќини кои биле поразени во четвртфиналето на ЕП.

Натпреварот во Штутгарт ќе се памети и по збогувањето на Тони Крос, кој го одигра последниот меч во кариерата.