Гачевски го остави Вардар во игра – му одбрани пенал на Ѕјуба (ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Филип Гачевски го ги остави црвено-црните во игра за подобар резултат, откако во 26-та минута му одбрани пенал на Артем Ѕјуба, откако Евгениј Новак го собори истиот играч во шеснаесетникот. Гачевски во изминатите години, се покажа како добар голман за пенали, а тоа го докажа и во Санкт Петербург.