Франција конечно даде гол од игра, Коло Муани носи водство против Шпанија! (ВИДЕО)

Предвидувањата беа дека полуфиналето ќе биде здодевно, но не е така, Франција поведе со гол уште во деветтата минута од натпреварот, а стрелец беше Коло Муани.

По убава асистенција на Мбапе, Коло Муани погоди со глава за водство на Франција од 1-0. Ова беше првиот гол на Французите на Европското првенство кој го постигнуваат од игра.