Фановите на Реал Мадрид сред Париз го „пецнаа“ Мбапе (ФОТО)

Реал Мадрид вечерва ќе се бори за нов трофеј во Лигата на шампиони (ЛШ) против Ливерпул, а претходно навивачите на шпанскиот гигант најдоа начин како да го навредат Килијан Мбапе, кој ги разочара и го продолжи договорот со ПСЖ.

Дел од навивачите решија да купат дрес од фан-шопот на ПСЖ и притоа побараа да им се испринта посебен текст со цел да го навредат францускиот напаѓач.