Џерард: Мбапе сега сигурно размислува зошто го одби Реал Мадрид

Реал Мадрид го совлада Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а еден гол беше доволен за да ја освојат 14. титула во натпреварувањето, по што легендата на премиерлигашот, Стивен Џерард даде краток коментар за Килијан Мбапе.

Младиот француски напаѓач беше блиску до преселба во Реал Мадрид, меѓутоа сите ги шокираше откако соопшти дека останува во ПСЖ и потпиша тригодишен договор со францускиот првак.

„Мбапе сигурно сега размислува како ли им кажа - не“, вели Џерард.