Делии ќе слават нова слава - Павковден! (ФОТО)

Фудбалерот на Црвена звезда, Милан Павков, со двата постигнати гола беше вистински херој во вчерашната победа против Ливерпул од 2-0.

Павков стана херој на Црвена звезда откако вчеравечер против Ливерпул постигна два гола и така им донесе историски триумф на црвено-белите.

Преполната „Маракана“ ечеше со песни во неговата чест, неговото име ги преполни социјалните мрежи, а еден навивач на Звезда даде интересен предлог, на 6 ноември да се слави нова слава „Павковден“.