Чесите најмногу се израдуваа на победата на Атлетико Мадрид во Лига Европа

Откако Атлетико Мадрид ја продолжи шпанската доминација во европските купови со освојувањето на Лига Европа синоќа по трумфот со 3-0 против Марсеј во финалето во Лион, на тој успех најмногу се израдуваа – Чесите.

Триумфот на Атлетико Мадрид, кој веќе преку Ла Лига го имаше осигурано пласманот во Лигата на шампионите во следната сезона ѝ донесе на Чешка директно место во најелитното натпреварување. Ако трофејот го освоеше Марсеј, кој е најдалеку преку Лига 1 да стигне во ЛШ, шампионот на Чешка ќе мораше да игра квалификации, но вака сега се отвори место за нивно директно учество.

Досега се познати 21 учесник во ЛШ од вкупно 32. Шест ќе се добијат низ квалификациите (два од нешампионската, а четири од шампионската група во која ќе игра и Шкендија), а завршницата на првенствата низ Европа ќе ги дадат останатите пет тима кои ќе се пласираат во ЛШ.

Како што сега стојат работите, Викторија Плзен речиси сигурно ќе биде претставникот на Чешка во ЛШ, а неизвесност има дали Лацио или Интер ќе биде последниот претставник до Италија, дали Галатасарај ќе биде шампион на Турција, како и кои два тима од Франција ќе играат директно во ЛШ од трите во игра – Лион, Монако и Марсеј.

Досега пласирани во ЛШ се Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Барселона, Јувентус, ПСЖ, Манчестер сити, Локомотива Москва, Реал Мадрид/Ливерпул (прв шешир), Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер јунајтед, Шахтер, Наполи (втор), Шалке (трет), Хофенхајм (четврти), а неизвесно е засега во кој барабан ќе бидат Хофенхајм, Рома, ЦСКА Москва, Валенсија, Бриж.