Бизарна сцена во Велс: Противникот на Шкендија немаше дрес, па импровизираше (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкендија вечерва играа натпревар против тимот на ТНС од Велс во квалификациите кој заврши без победник, а во овој дуел се случи и една бизарна сцена.

Фудбалерот со број „18“ на ТНС, Рори Холден пред крајот на првиот дел мораше да го промени дресот, но проблемот настана бидејќи веројатно немаше друг подготвен дрес, па мораше да се импровизира.

Во тие моменти тимот на домаќините со пенкало испиша „18-ка“ на опрема што наликуваше на дресот на неговите соиграчи  за да може да се врати на теренот.