Бизарна сцена во Париз: Се расипа автомобилот кој ја донесе топката, Мбапе интервенираше

Бизарна сцена се случи пред почетокот на натпреварот помеѓу Хрватска и Франција во рамките од плеј-офот за пласман во полуфиналето од Лигата на Нации.

Имено, по интонирањето на химните топката како и што е вообичаено топката до центарот требаше да биде донесена со електричен автомобил, но се појави проблем.

Автомобилот стигна до центарот, но при враќањето се расипа. Во целата ситуација мораше да интервенира Килија Мбапе кој го зема автомобилот за да го изнесе од теренот.

Кога е резултатот во прашање ќе потсетиме, Хрватска од првиот натпревар во Париз брани предност од 2-0.