Модриќ се подготвува за пензија - ќе стане сопственик на пивара

Најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња Лука Модриќ наскоро ќе наполни 40 години и јасно е дека мора полека да се подготвува за фудбалска пензија.

Оттука, не е изненадување тоа што преку својата фамилијарна компаниија вложува во неколку бизниси, а наскоро се очекува да стане и ко-сопственик на пивара. Станува збор за познатата бјеловарска пивара Zeppelin Craft Brewery која е основана во 2017 година, а произведува непастеризирани и нефилтрирани пива.

Засега не се познати финансиските услови од оваа зделка, ни колку ќе плати Модриќ за да влезе во овој бизнис, но би можело да дојде до драстичен пораст на прометот и проширување надвор од хрватскиот пазар, со оглед на тоа што пиварата ќе ја води еден од најпознатите светски фудбалери во моментов.

Договорот на Модриќ со Реал истекува претстојното лето, досега имаше неколку најави за негово продолжување, но се уште не се случило ништо конкретно.