Радикални мерки во Торино, Спалети го испратил цел тим во карантин!
Според пишувањата на италијански „Тутоспорт“, повикувајќи се на информации од соблекувалната на торинскиот гигант, по натпреварот на стадионот „Луиџи Ферарис“ владеела голема нервоза. Незадоволството било очигледно уште за време на средбата, кога фудбалерите постојано разговарале и се расправале меѓу себе, но тоа не донесе никаква промена на теренот.
Италијанскиот весник посебно го издвојува податокот кој најдобро ја отсликува немоќта на Јувентус. Во текот на целото прво полувреме, фудбалерите на „старата дама“ направиле само еден прекршок, иако Џенова во неколку наврати опасно се заканувала од контранапади.
Никој од играчите не успеал да го запре ритамот на домаќинот, да покаже потребна агресивност или да ја разбуди екипата во моментите кога противникот целосно доминирал.
Спалети и пред натпреварот бил свесен за борбеноста на противникот, но не пронашол решение за да се спротивстави на таквиот пристап. Ниту измените во текот на средбата, вклучувајќи ги и оние на полувремето, не донесоа посакуван ефект. Поради тоа, искусниот тренер решил целиот тим да го стави во карантин, почнувајќи од петок, па сè до неделниот дуел со Наполи.
Исто така се наведува дека не е исклучена можноста изолацијата да продолжи и по дербито. Однесувањето на фудбалерите и нивната реакција на новонастанатата ситуација ќе одлучат колку долго ќе трае оваа мерка.