Aлкараз го реши Томи Пол и закажа меч со Медведев (ВИДЕО)

Шпанскиот ас, Карлос Алкараз го совлада Американецот во два сета со 6-4 и 7-6 и продолжи со сигурни настапи на турнирот во Виена од серијата АТП 500.

Вториот носител одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6-4. Сепак, Пол во продолжението пружи многу посилен отпор, па победникот беше решен во тај-брејк. Таму Алкараз беше посигурен и ја заврши работата без потреба од трет сет.

Сега во полуфинале Алкараз го чека пресметка со Данил Медведев.