Мартинез се повредил пред СП, прстот на раката никогаш веќе нема да може да го свитка (ВИДЕО)
Како што самиот вели, последиците од повредата ќе ги чувствува до крајот на животот.
Мартинез ја покажа повредената рака во разговор со аргентинскиот новинар Гастон Едул, кој објави видео на социјалните мрежи. На снимката се гледа дека голманот не може целосно да ја стисне тупаницата.
„Овој прст не можам добро да го свиткам. Така ми остана по Светското првенство и ќе биде така до крајот на животот“, изјави Мартинез, покажувајќи го домалиот прст.
Според аргентинскиот портал „Диарио Памперо“, голманот се повредил неколку недели пред почетокот на Мундијалот, додека го бранеше голот на Астон вила.
Едул покрај видеото напиша дека сакал да покаже како Мартинез го одиграл целиот шампионат со скршен прст, за луѓето да ја разберат сериозноста на повредата.
Претходно, како што пишува „Ел Интрансигенте“, аргентинскиот голман открил дека секојдневно чувствува болка во прстот и дека успеал да избегне операција.
Специјалисти за повреди на раката од САД и Англија му советувале дека не може да продолжи да игра и дека мора да биде опериран. Сепак, Мартинез одлучил да ја одложи операцијата за да не го пропушти Светското првенство.
🚨Emiliano Martínez can’t close all the fingers on his right hand He’s said it will be this way for the rest of his life https://t.co/PXlFkIFKLF
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) October 30, 2026