
Повторно проблеми во кошаркарското првенство - прекинат мечот меѓу Вардар и Тиквеш
Сепак, дуелот не го дочека својот крај бидејќи е прекинат на средина од првата четвртина откако се расипа главниот семафор во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода. Мечот беше во прекин околу половина час во кој ништо не се подобри. Домаќинот на овој меч Вардар во моментов е во потрага по нова, слободна сала во Скопје, а ако не успее да најде, мечот најверојатно ќе се доигра утре во истиот термин. Во моментот на прекинот, домаќинот водеше со 13-12.
Вардар игра како домаќин во салата „Независна Македонија“ затоа што, поради конфликтот со актуелното раководство на Кошаркарската федерација, му беше забрането да ги пречекува своите ривали во малата сала во СРЦ Кале која е негов дом.