
Српски голман е прв фаворит за наследник на Едерсон
Последните осум сезони, 28-годишниот чувар на мрежата е член на Торино, а се наоѓа во одлична форма. Во својата кариера бранеше уште за Војводина, Легија Гдњаск, Стандард Лиеж, СПАЛ и Асколи.
Претстојното лето Милинковиќ Савиќ влегува во својата последна година од договорот со Торино поради што се претпоставува дека цената нема да биде висока, најверојатно околу 10 милиони евра. На крајот од оваа сезона, Едерсон најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити, па Србинот треба да го замени.
Сити не е единствен заинтересиран за Милинковиќ Савиќ бидејќи неговите настапи ги следи и тренерот на Наполи, Антонио Конте.