Ракометарите на Вардар и Струга им оддадоа почит на загинатите во кочанската трагедија (ФОТО)

Екипите на Вардар и Струга го отворија 22. коло од ракометната Суперлига, а нивниот натпревар почна како што беше најавено.

Ракометарите на двете екипи, како и стручните штабови им оддадоа почит со едноминутно молчење на загинатите во трагедијата што се случи пред девет дена во Кочани.

Притоа, играчите на Вардар на загревање носеа црни маички на кои пишуваше Кочани и датумот на кој се случи несреќата.