Бивша ѕвезда на Зенит им откри на Русите: Вардар има цел во 2020 година да игра во ЛШ!

Горан Станкович е бивш словенечки репрезентативец, кој играше со „змајчеки“ на Светското првенство во 2002 година и е поранешен фудбалер на Зенит, кој сега работи како фудбалски менаџер и има блиски контакти со македонскиот шампион Вардар. Во пресрет на утрешниот дуел на Зенит и Вардар во санкт Петербург, Станковиќ за официјалната страна на рускиот гигант им ги претстави црвено-црните, порачувајќи им дека целта на македонскиот тим е – Лигата на шампионите во 2020 година!

Станкович вели бил вклучен во изградбата на овој Вардар, на почетокот на формирањето на макеоднскиот клуб со европски амбиции, откако рускиот сопственик Сергеј Самсоненко го презема клубот од Град Скопје и тргна да гради тим кој ќе игра во групна фаза во Европа. По три ипол години, Вардар стигна до Лигата на Европа.

„Јас бев вклучен во проектот да се изгради нов тим на Вардар, кој треба да ги реши проблемите. Мене од управата, а тогаш беше тренер Сергеј Андреев, ме убедуваа дека целта на Вардар е да игра во Лига Европа во 2017 година, а во Лигата на шампионите во 2020 година. Како што гледате, првата цел ја остварија. Откако си замина Андреев, клубот смени само десет фудбалери за три години“, вели Станкович.

Тој потенцира дека Вардар не се разликува премногу од другите балкански тимови, а Фелипе е движечката сила на тимот, кој ја прави разликата на теренот.

„Вардар игра како најголемиот дел од балканските тимови. Сакаат да ја држат топката, не форсираат долги додавања напред. Пресингот не им е најсилна страна, но генерално споредено со други тимови, Вардар не е многу поразличен. Разликата ја прават инвидални карактеристики на одредени фудбалери, а во случајов тоа е Бразилецот Фелипе. Во Македонија сите се свесни дека Зенит има квалитет за полуфинале или финале во ЛЕ, па поразот не беше прифатен трагично. Олигледна е разликата од рускиот и македонскиот шампионат, дури и ако по некое чудо Вардар го освои Санкт Петербург“, додава Станкович.

Словенецот потенцира дека фудбалот во моментов е во сенка на ракометот, особено откако ракометарите на Вардар станаа европски шампиони, но фудбалерите со самиот пласман во Лига Европа полека го враќаат фудбалот на статусот кој го има во светот – најпопуларен!

„Фудбалот во Македонија е инфериорен во однос на ракометот. Тоа го објаснува фантастичниот успех на Вардар во Лигата на шампионите, а да се надминат ракоменатите потредбни се добри резултати. До оаа година, македонските клубови беа далеку, но годинава имаат добри резултати“, вели Словенецот.

Вардар и Зенит играат утревечер од 19 часот на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, во петтото коло во групата Л во Лига Европа.